Повик за волонтери во Франција, Полска и Турција!
15 слободни места за 2010 со траење од 1 до 12 месеци. Доколку сте заинтересирани превземете ја апликацијата и аплицирајте или едноставно ипратете е-маил:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Европски Волонтерски Сервис Приоритет на Together Macedonia за 2010!!!
Together Macedonia е младинска организација која е дел од една поголема пан-европска мрежа на младински организации промовирајќи ги вредностите на меѓународна мобилност, волонтерска работа, државјанство и учество на млади луѓе на меѓународно ниво. Членовите на организацијата имаат учествувано на многу настани од кои што некои се организирани во рамките на програмата Млади во Акција на Европската комисија, како и размена, обуки, семинари.

Патувањата се веројатно едно од најубавите животни искуства. Тие ја будат душата, не прават среќни и секогаш учиме по нешто ново. Патувањето е добро во било кои години, но кога сме млади тоа е уште подобро, а еве и зошто:
1. Патувањето може да ви помогне да сфатите што навистина сакате во животот.

Запознавањето нови луѓе, култура и начин на живот, можат да ви помогнат да ја пронајдете смислата на животот. Кога ќе видиме малку повеќе од нашето маало, полесно заклучуваме што е важно во животот, а што не. Се отвораат нови погледи кон светот и се извлекуваат корисни информации.
Tи си Македонец и Сакаш да работиш ЕВС во странство?
Што е ЕВС и како функционира?
Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) е одлична можност за вас за да се здобиете со работно искуство во европска земја, да запознаете нови пријатели, да развиете нови вештини и да придонесете за развојот на локалните заедници. Да се биде волонтер во странство, значи дека ќе работите на интересен проект по ваш избор, но нема да земете плата.
